Зашто е живо сведоштво на историјата – со тврдина, чаршија, цркви, манастири, џамии, музеи, галерии и многу приказни за раскажување.
Зашто е несекојдневен спој на стилови и правци во архитектурата, контраст кој нема да те остави рамнодушен.
Зашто има добро познат боемски живот, добри кафани, со превкусна храна.
Зашто едноставно е Скопје, град што живее по свои правила – со сопствен ред и хармонија во околниот хаос.
Зашто ќе те изненади, можеби и збуни... Нема да го заборавиш...
Што сè можеш да видиш и направиш во Скопје